„Со предложените законски измени на Кривичниот законик бараме да се исправи неправдата која со години наназад им е нанесена на полициските службеници. Во изминативе две-три години полицискиот службеник секојдневно е мета на напади, кои резултираат со чести напади (Пукање во полицаец, нападнати сообраќајни патроли, спречувања при вршење на службени задачи од страна на поединци и слично) а често сето ова откако ќе се проследи до надлежното Јавно обвинителство, најчесто напаѓачите завршуваат ослободувани или со парични казни, согласно важечките прописи од постојниот Кривичен Законик. Со овие постојни решенија, полицискиот службеник се повеќе се одвраќа при вршење на полициските работи знаејќи предвреме дека ‘не вреди’ за да на крај сторителот биде ослободен со минимална парична казна“, се вели во информацијата од овој синдикат..
Синдикатот на полицијата информира дека со предложените измени со замена на паричната казна со минимум три години затвор ќе се придонесе за поголема казнивост на сторителите, поголема заштита на полицискиот службеник со што ќе му се влее самодовербата и мотивираност за квалитетно вршење на полициските работи.
„Предвидената парична казна ќе биде заменета со казна затвор од минимум три години односно предлагаме и други поголеми и построги казни. Продолжуваме со протестите до исполнување на нашите Барања. Се гледаме на 11 ноември на протест во Струмица.






