„Ова не е ништо друго освен уцена од страна на раководството на СОНК, на штета на учениците и наставниот процес.
Учениците мора да се вратат на настава, затоа што последиците со кои веќе се соочуваат негативно влијаат не само врз образованиот процес, туку и врз нивниот личен развој.
Себично, недозволиво и неодговорно е учениците десет дена да бидат надвор од училишните клупи само заради лични политички агенди на поединци од раководството на СОНК.
Правото на децата за образование е уставно загарантирано и не смее да се дозволи некој заради политичка агенда да им го загрозува.
Државата, институциите имаат обврска да обезбедат продолжување на наставата, целосно исполнување на наставните програми во училиштата и тоа ќе го сторат.
Правата на децата се над сè и интересот на децата мора да ни биде на прво место.
Никој не смее и нема да го нарушува правото на образование на децата и со тоа да ја загрозува нивната иднина“, изјави Шкријељ.






