
„Една од најактрактивните мерки од Планот, мерката за самовработување, освен вработување на младите, придонесува тие да започнат свој бизнис и да вработат дополнителен број луѓе. Мерките и политиките на СДСМ даваат резултат. И во време на криза, стапката на невработеност опаѓа. Во третиот квартал од 2021 изнесувала 15,7%, со тенденција за дополнително намалување“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека како партија, предводник на владината коалиција се стремат кон обезбедување едноцифрена стапка на невработеност до 2026 година.






