СДСМ нагласува дека градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски ќе потроши 12,2 милиони денари, за привремени вработувања во општината, што изнесува околу 200.000 евра, но и дека троши над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.
„Додека Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ крчмат општински буџети за партиски вработувања и аздисување. Јавноста секој ден сведочи нов случај на оштетување на општинските буџети за партизација на општините и непродуктивни трошоци. ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на расипничко и криминално трошење на народни пари, партизација и дејствување против граѓаните“, пишува во партиското соопштение.






