„Заложбата на СДСМ е минималната плата да продолжи да расте, бидејќи подобрувањето на животниот стандард на граѓаните во време на енергетска криза е наш приоритет. Ќе најдеме решение кое е во интерес на граѓаните преку дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, со цел достоинсвено вреднување на трудот и одржливо стопанство.
Новиот раст на минималната плата ќе обезбеди повисок животен стандард за работниците, но и позитивно ќе влијае врз растот на останатите плати.
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против минималната плата. Трајко Славески член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е главен говорник против растот на минималната плата. На овој начин ВМРО-ДПМНЕ работи директно против работниците, против повеќе пари во семејните буџети. Оваа партија очигледно има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, а не во нивниот скапоцен дворец“, соопшти СДСМ.






