понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ деструктивно спречува подобар стандард за наставниците

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ повторно го покажа своето лицемерие и на дело ја покажа негрижата за граѓаните со своето срамно и дрско однесување повторно ја блокираше постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, соопшти СДСМ.

„Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средносто образование на вчерашната седница на Комисијата за образование наука и спорт се претворија во обиди за физичко насилство и хаос, што е срамно“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ цела година спречува соодветно вреднување на трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија. Ова покажува колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за образованието. За нив тесниот партиски интерес и ситни политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување да го спречи развојот и покачувањето на стандардот на граѓаните и дека наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ