понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: Успешниот попис е основа за креирање ефикасни развојни економски политики

Објавено на

часот

Сподели

„Резулатите од пописот на Владата предводена од СДСМ ѝ овозможуваат да носи програми со кои ќе се обезбеди ефективно и ефикасно користење на човечкиот потенцијал. 

Владата, институциите добиваат јасна слика за планирање и реализација на сите економски стратегии кои ќе резултираат со рамномерен регонален развој.

Истовремено, со оваа успешно спроведена статистичка операција домашните и странските инвеститори конечно ќе добијат одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.  

Сега точно се знае дали и каде има квалификувана работна сила по специфични профили; која е старосната структура и потенцијалот на одредени градови и региони и кој човечки потенцијал може да биде ангажиран во одредено време.

Со добиените резултати, Владата предводена од СДСМ ќе креира и реализира мерки и политики во интерес на граѓаните кои ќе донесат развој на државата“, соопшти СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ