„Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание. Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години.
Да не дозволиме самите од внатре да се блокираме на патот кон и ЕУ, туку низ отворена, аргументирана дебата, измените на Уставот да бидат усвоени. Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина“, соопшти СДСМ.