„Тоа ДПМНЕ нема капацитет да го разбере затоа што нивната режимска матрица е фокусирана само на злоупотреби како што правеа 11 години.
ДПМНЕ ги руна институциите и сега се обновуваат врз основа на закон и спроведени реформи на безбедносните служби во еден демократски и транспарентен процес.
Лагите на ДПМНЕ веќе се демантирани и од самата ОТА, се спроведуваат постапки низ соодветна, законска процедура, под целосен надзор и контрола и со позитивно мислење од надлежните институции“, се вели во реакцијата.






