вторник, 15 јули 2025

СДСМ: Раст на пензиите за 24 отсто за помалку од две години

Објавено на

часот

Сподели

„Пензиите од јануари 2022 година до септември 2023 година ќе пораснат за 24 отсто, а веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за уште околу 6 отсто.

Од 2017 година досега минималната пензија е зголемена за 46 отсто. Продолжуваме со креирање и реализација на мерки што значат подобри услови за живот за пензионерите.

По протестите на прилепските и кочанските пензионери за линеарно покачување на пензиите, од Министерството за труд и социјална политика информираа дека според Законот за пензиско и инвалидско осигурување нема основ за такво нешто, а такво усогласување не постои ни во земјите на нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ