понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: Поголема минимална плата за 80.000 работници, сите пратеници да го поддржат законот

Објавено на

часот

Сподели

„Со ова зголемување, за само 4,5 години минималната плата ја зголемивме од 8.800 на 18.000 денари.
Овој закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи се воведува нов критериум  за пресметување на минималната плата која не смее да биде пониска од 57% од просечната плата, а усогласувањето ќе почне да важи со мартовската плата.
Предложениот закон за минимална плата прави пореално отсликување на животните потреби и минималната плата ќе се усогласува со 50% од годишен раст на просечната плата и 50% со раст на трошоците за живот според државниот завод за статистика.
Со овој закон се уредува и финансиската помош за исплата и контрола во остварување на финансиска помош за работодавачите, критериумите како фирмите да користат субвенции и ги обврзуваат фирмите да не ги испуштаат работниците за кои зеле субвенција најмалку 1 година.
Сите пратеници да ги поддржат овие измени на законот, затоа што ќе резултира со спирален раст на платите, ќе го подобри стандардот на 80.000 наши сограѓани и ќе доведе до зајакнување на домашната економија“, соопшти СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ