понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: Платите растат, се подготвува големо покачување на пензиите

Објавено на

часот

Сподели

„Сите средства од буџетот се вложуваат назад во поддршка на стопанството и граѓаните. Како што веќе најави претседателот Ковачевски во своето експозе, следен чекор е големо покачување на пензиите. Во моментот се работи на модел и пресметки за точна сума која ќе значи силна поддршка за возрасните во услови на криза. Пензионерите се категорија силно погодена финансиски во време на пандемија и затоа Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди значајна сума на средства за овие наши сограѓани. ВМРО-ДПМНЕ може да продолжи со опструкциите и блокадите односно она што најдобро го знаат“, велат од СДСМ. 

Оттаму порачаа ВМРО-ДПМНЕ наместо да глуми загриженост за растот на платите и пензиите, додека лицемерно блокира закони, слободно да продолжи и со измислените афери и лажниот патриотизам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ