„Ново вето нема да има, за што потврда има од сите релевентни меѓународни фактори. Сега е време за одлука и реализација на уставните измени. СДСМ ќе направи сè и ги повикува сите релевенатни политички партии да се приклучат на процесот. Заедно да изградиме иднина каде што нашите млади ќе можат да ги остварат своите соништа, каде што нашата економија напредува и каде што нашите демократски вредности јакнат“, соопштува СДСМ.
Вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ вчера најави дека кога земјата ќе биде дел од ЕУ, може да се вратат сите странски пасоши кои граѓаните досега ги земале.
„Нашата визија е дента 2030 година кога ќе станеме членка на Европската Унија да ги собереме сите туѓи пасоши коишто нашите граѓани ги земале додека сме чекале во чекалната на ЕУ, и да ги однесеме во амбасадите на државите и да кажеме: Благодариме соседи или подалечни соседи, ние ви ги враќаме овие пасоши, не ни требаат затоа што нашиот дом стана Европска Унија и затоа што Северна Македонија стана членка на Европска Унија“, рече Маричиќ, на трибината насловена „МК во ЕУ до 2030”.






