
„Нивелирање на неколку шахти и поставување на мобилни тоалети ниту се проекти ниту носат развој на градот. Арсовска ништо не направи за најзначајниот проект за еколошки и брз градски транспорт за кој веќе има обезбедено 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.
Стои и изградбата на мостот во Карпош на Љубљанска за кој исто така се обезбедени средства.
Арсовска не ја продолжи ниту реконструкцијата на Универзална сала која е започната и за која Владата има обезбедено пари. Не е завршен ниту капиталниот проект – мост на реката Вардар во Аеродром“, се наведува во соопштението.
Според СДСМ, неработењето на Арсовска ја прави најнеуспешна градоначалничка на Скопје, а граѓаните се презаситени од оправдувања и изземање од одговорност и очекуваат реализација на крупни, капитални проекти.






