
„Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Исто така во градинките, процесот на згрижување на децата не смее да се прекинува.
Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет“, пишува во партиското соопштение.
Оттаму потсетуваат дека во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%, а целта на Владата е преку континуираниот дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус.
„Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем“, се додава во соопштението.






