среда, 31 декември 2025

СДСМ: Над 16.000 матуранти се во неизвесност поради политизација на штрајкот на СОНК

Објавено на

часот

Сподели

„Раководството на СОНК одби ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита за 12 отсто и тоа во време на светска економска и енергетска криза.
СДСМ во образованието во изминатите 3 години во три наврати ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто.  
Уцените и политичкото делување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес.
Учениците мора да се вратат на наставата која толку им е потребна. 
Правото на образование на децата е уставно загарантирано и не смее да се дозволи заради политичка агенда да им се загрозува“, соопшти СДСМ.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ