„Деструктивните активни блокади на ДПМНЕ во македонското Собрание се на штета на државата и на сите граѓани. Затоа на изборите блокаторите на европскиот пат, ДПМНЕ и Левица ќе бидат казнети и поразени. Активната блокада е времена блокада.
Со победа на европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори, европскиот пат продолжува до полноправно членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, заслужуваат европска иднина“, соопштија од партијата на власт.






