Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски парите на граѓаните, наместо на проекти, ги троши на луксуз. Скоро 38.000 евра потроши Муцунски за набавка на 35 скапи компјутери. Еден компјутер чини и над 104.000 денари а Муцунски набавил пет такви компјутери. Тоа е истиот Муцунски кој јавно се жали дека општината нема пари, дека нема да може да плати струја, а во исто време троши 38.000 евра за компјутери“, соопштува СДСМ според која партија тоа е уште еден доказ за расипништвото и недомаќинското работње на Муцунски, кој во првите сто дена од мандатот постави само еден легнат полицаец, а други проекти не се реализираат.
Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат градоначалник кој работи за лични и партиски интереси, против интересите на граѓаните, велат од СДСМ.






