СДСМ заклучува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е силен само кога е пред камери, но дека едно зборува пред јавноста, а друго на затворени средби.
„Граѓаните видоа и претходно на средбата на Мицкоски со Бојко Борисов дека тој ги менува ставовите кога се среќава со официјални претставници. Дали така било и на средбата со Петков“, треба да каже самиот Мицкоски, порачува СДСМ.






