„Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, а со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.
СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 отсто.
Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари. Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Разликата е јасна и очигледна“, се вели во партиската реакција.






