„Иако ѝ беше јавно понудено, опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не прифати учество во работните групи.
Фактите се познати на јавноста, туширања и фалсификувања се одлика на неговата ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој 11 години фалсификуваше историски факти, наметнуваше антички корења, носеше Хунзи и го поткопуваше македонскиот национален идентитет.
Дури и волјата на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификуваше.
Срамно и крајно неодговорно е ова однесување на Христијан Мицкоски кој само бара начини да ги поткопа државните позиции.
Очигледно Мицкоски ревносно ги исполнува насоките и задачите од Никола Груевски“, се вели во реакцијата.






