понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: Лицемерие од ВМРО-ДПМНЕ, блокира закон за вработување и повисоки плати на наставниците, а предлага амандмани

Објавено на

часот

Сподели

„Како што Владата веќе најави и кажа на Економско-социјалниот совет, дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор ќе следи, секое усогласување на платите во јавниот сектор ќе се одвива низ преговори и социјален дијалог а не преку несоодветни, популистички амандмани“, велат од партијата.

Исто така, потсетуваат дека СДСМ за четири и пол години во три наврати ја зголемува минималната плата и денес таа е двојно поголема отколку во 2017 година, а покрај минималната плата, во овие четири и пол години има сериозно зголемување и на платите во образованието, здравството, детската и социјалната заштита, полицијата, судството и одбраната…

Според амандманот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ на Законот за минимална плата, наставници кои имаат коефициент 2.503, и досега земаат нето плата од 24 782 денари, би требало да земаат нето плата од 45.054 денари. Во средните училишта, професорите, наместо сегашните 25 838 денари нето плата би требало да земаат 45 594 денари.

На ова следуваше одговор од премиерот Димитар Ковачевски:

„Сега ќе поднесувале амандмани за минималната плата. Ако, нека поднесат, ама прво нека кажат дали биле против зголемување на минималната плата и дали блокирале закони за подобрување на статусот на работниците, како што беше тоа случај со наставниот кадар“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ