петок, 5 декември 2025

СДСМ: Левица и ДПМНЕ – лонче и капаче, со нив следи хаос

„Целата македонска јавност виде каков хаос следи со Левица и ДПМНЕ, тие се лонче и капаче. Дивеењето на Левица во Собранието е потврда на она што го говориме цело време. Со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос“, реагира СДСМ утрово по вчерашните инциденти во парламентот.

Објавено на

часот

Сподели

„Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните. За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери да успеат“. се вели во партиската реакција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ