„Дел од нив се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки. Истовремено не се заборавени оние коишто ги чуваат и воспитуваат нашите деца.
Платите на воспитувачките од 2017 година до денес се зголемени за 81 отсто, за негувателките 89, а примањата на техничкиот персонал се покачени за над 100 отсто.
Со новиот Општ колективен договор, со септемвриската плата секој вработен во јавниот сектор добива 10 отсто покачување, а до крајот на годината ќе добијат и 10.000 денари К-15.
Грижата за децата и вложувањето во детската заштита се приоритет за СДСМ“, се вели во партиското соопштение.






