„Со посебен закон и со поскап договор конзорциумот Бехтел и Енка гради и во Србија, каде што веќе е пуштен во употреба дел од автопатот.
Партијата предводена од Христијан Мицкоски е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии и промашени проекти, како што е автопатот Кичево-Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ со хајката само потврдува дека е против стратешкиот проект за изградба на коридорите, а во заложништво на Левица и против американската компанија“, се вели во реакцијата.