СДСМ понатаму вели дека ВМРО ДПМНЕ не е реформирана партија и дека воопшто не се грижи за граѓаните.
„Требаше да поминат 100 дена за оваа партија да си го покаже вистинското лице во општините, ниту еден проект во интерес на граѓаните, нема 33 новоизградени гардинки ама има скапи брендови на очил за сонце и мобилни телефони. Во време на економско-енергетска и здравствена криза не само кај нас туку секаде во светот, градоначалниците од оваа партија најмногу трошат на партиски вработувања и луксуз. Не поминал ден, градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ да не имаат некакви побарувања, но ниту едно од нив не е во интерес на граѓаните во општината“, порачува СДСМ.
Според СДСМ; стоте дена локална власт на Бошко Цветковски како градоначалник на Лозово од ВМРО ДПМНЕ се во знакот на 8.000 евра луксуз, колку што пари чинат очилата за сонце и мобилниот телефон што ги носи Цветковски.
„Богата агенда имал Цветковски во првите три месеци од мандатот како прв човек на општината. Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО ДПМНЕ треба да одговорат колку пари нивните градоначалници потрошиле од општината за да се китат со мобилни телефони и скапи очила“, прашува СДСМ
Во партиското соопштение се наведува и дека не помина ниту едно деноноќие „откако партискиот кадар на ВМРО ДПМНЕ ‘независната’ Данела Арсовска јавно се закани со радикализација, како што речем ако Владата на градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ не им ги плати сметките за струја“.
На крајот СДСМ нагласува дека градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ обезбедија пари за вработување партиски кадри, обезбедија пари за набавка на апетисани и пијалаци за коктели, дека има пари во општините и за луксуз, на сметка и на скопјани кои ги оставија без парно, „ама сега немаат пари да си ги платат тековните сметки во општините“.
СДСМ на крајот прашува колку всушност сметки за струја изнесуваат очилата и мобилниот телефон на градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски.






