понеделник, 8 декември 2025

СДСМ ги повика пратениците да ги поддржат економските мерки на Владата

Објавено на

часот

Сподели

„Владата предводена од СДСМ донесе сеопфатен пакет од 26 антикризни мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и ќе му помогнат на стопанството брзо да ги надмине негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза.

За реализација на клучните мерки потребни се измени и дополнувања на одредени закони.

Сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале да дадат поддршка на овој пакет економски мерки во вредност од 400 милиони евра.

Покрај мерките за намалување на акцизите и  ДДВ на горивата, обезбедена е поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки”, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од партијата повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација. 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ