„Општините предводени од ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат, а граѓаните се соочени со зголемени цени на давачките за комунални услуги, данок на имот, паркинг, превоз.
Градоначалниците на ДПМНЕ половина од мандатот не работеа ништо, освен што ги задолжуваа општините и ги трошеа народните пари на непродуктивни трошоци и партиски вработувања. ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори и ги изневери граѓаните“, соопшти СДСМ.