понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: Доста е од лаги, има судска пресуда за случајот за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Законите важат за сите подеднакво, без разлика за кое име и презиме станува збор, а тоа е потврдено и со случајот којшто го споменува ВМРО-ДПМНЕ. Фактите се дека има судска пресуда за овој случај, потврдена и од Апелацискиот суд. Споменатите лица се осудени на затворска казна, согласно законите и одлуката на судовите и ја имаат издржано казната. Ја разбираме нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Нивните градоначлници се најголемо разочарување“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според СДСМ, нивните градоначалници не само што не работат ништо, не само што немаат ниту еден проект, туку покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата од граѓаните.

„Тоа не значи дека со секојдневно ширење невистини и конструкции нешто ќе променат. Затоа време е ВМРО-ДПМНЕ да престане со изнесување лаги на прес конференции“, порачува СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ