„Има голема разлика. Затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе сака следниот пат неосновано да обвинува нека побара прво од своите градоначалници да пренаменет милиони евра за граѓаните“, порачува СДСМ.
Во соопштението се наведува дека Владата го укина ДДВ за основната грана, се ограничија маржите, се намали ДДВ за нафтените деривати и уште многу други мерки со кои месечно се намалуваат сметките на граѓаните за околу 4.000 денари.
„Дополнително за да се намали ударот врз животниот стандард, Владата веќе интервенираше со зголемување на минималната плата и обезбедување директна помош за пензионерите и социјално најзагрозените семејства.
Денес со две минимални плати може да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка за разлика од порано кога беа потребни 4.25 минимални плати. Тоа е одговорност“, пишува во соопштението.






