понеделник, 29 декември 2025

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Избори ќе има во 2024 година, тоа е затворено прашање

Објавено на

часот

Сподели

„Експертизата на ВМРО-ДПМНЕ се криминалот и корупцијата. Тоа е потврдено со бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Таму, пред судовите треба раководството на ВМРО-ДПМНЕ да дава своја експертиза“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Во соопштението се додава дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно однесување и дека Мицкоски ја покажува својата немоќ и безидејност.

„Избори ќе има во 2024 година и тоа е затворено прашање“, се нагласува на крајот од соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ