Во време кога државата се соочува со енергетска криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да понудат решенија бараат предвременипарламентарни избори за дополнително да ги закочат процесите и економијата да стагнира, соопшти СДСМ и нагласува дека станува збор за неодговорно, нечесно и себично однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и економијата.
„Граѓаните се уморни од избори и тие како и стопанството очекуваат поддршка во справување со кризата, а не нов изборен процес каде со месеци секоја помош би била закочена. БМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни активности само ја одржува конфликтноста во земјава и создава неизвесност која негативно влије и врз процесот на нашето евроинтегрирање и врз довербата на странските инвеститори. ВМРО-ДПМНЕ има еден клучен проблем а тоа е недостаток на чувство за државност“, пишува во соопштението.
На крајот се нагласува дека предвремени парламентарни избори нема да има зашто Владата има полн легитимитет кој го црпи од резултатите од изборите во 2020 година.
„Редно е по повеќе од 15 години Владата и парламентарниот состав да заокружат полн мандат од четири години“, се вели во партисото соопштение.






