„До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава –не зборуваме веќе за економски развој, туку дали Владата ќе може да ја исполни најосновната обврска – исплатата на заработената плата. Ова не е само скандал, ова е кршење на основните права на работниците, уривање на нивното достоинство и уште една потврда за целосната неспособност на Владата предводена од ДПМНЕ.
Ова е врв на игнорантност и понижување на македонскиот работник. Тотална незаинтересираност на власта за работниците. Прашауваме кој ќе ја сноси одговорноста? Платата не е награда. Платата е законско, загарантирано право.
Додека функционерите од власта се расфрлаат со папаја, манго и луксузи, работникот живее од трошки и едвај крпи крај со крај.
Во овие десет месеци, животот на илјадници семејства се претвори во преживување од месец во месец. Животниот стандард е на историско дно, цените и сметките растат, а Владата одби секое барање за покачување на платите. Македонскиот работник е најпотценет во регионот.
Бараме најитно исплата на сите неисплатени плати. Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и нивниот труд, нивното достоинство мора да бидат почитувани“, соопшти СДСМ.