„Додека Арсовска без трошка срам ги лаже скопјани дека подработува нешто, дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени.
Истата слика може да се види во секоја скопска општина, депониите не само што не се чистат, туку и секој ден се создаваат нови. Единственото нешто што Арсовска во 82 дена од мандатот направи е поставување на мобилни тоалети, нивелација на шахти и партизација на градската администрација.
На целата јавност ѝ стана јасно дека Арсовска е убедливо најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје. Скопјани не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која знае само да бара оправдувања за своето неработење“, соопшти СДСМ.






