недела, 8 февруари 2026

СДСМ: Антикризните мерки ги намалија месечните сметки за 4.000 денари за секој граѓанин

Објавено на

часот

Сподели

„ДДВ за основните производи го намаливме од пет на нула отсто. Да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе плаќаа по 1.500 денари повеќе.

Ги укинавме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи.

Ја намаливме акцизата за горивата и го намаливме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Доколку го немаше ова намалување, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе.

Силно ги субвенционираме граѓаните за елетрична енергија која би била дури 80% поскапа. Ако не го обезбедевме субвенционирањето на производството на струја и на цената на струја, сметките за струја за секое семејство ќе беа повисоки за 2.150 денари месечно.

Благодарение на сите овие антикризни мерки, месечните сметки на граѓаните се намалени за 4.000 денари“, се вели во соопштението на СДСМ.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ