„Граѓаните во овие 100 дена од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на општините и оправдувања за неработењето. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа неспособни и алчни. Тие се грижат само за своите, се грижат за тендери и набавки, а бараат пари од Владата за струја и парно.
Неспособноста на градоначалниците ја покриваВладата, 100 дена само барања за финансиска помош додека се трупаат партиски вработувања по општинските администрации.
Ако денот се познава по утрото, првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики. Наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, но не реализираат ништо“, соопшти СДСМ.






