„Улицата која ги славеше оние кои го дадоа животот во борба со фашистичкиот бугарски окупатор од денеска ќе го слави Адем Демачи, сепаратист од Југославија и борец за Голема Албанија и независност на Косово, неколку пати осудуван на затворска казна во Југославија.
Нека им бодат очи овие имиња на оние кои ќе бидат на свеченоста по повод преименувањето на оваа улица, а на оние кои донесеоа ваква одлука, да знаат дека македонскиот народ не им заборава и простува.
Денес го бришат споменот од улиците, парковите, спомениците, утре ќе посегнат и по учебниците и нашата историја. Македонски народе, доста беше, разбуди се, свести се, не спиј ти! Смрт на фашизмот, слобода на народот“, се вели во соопштението на Левица.
Инаку, партизаните од Втора македонска ударна бригада, како што пред два дена објави МКД.мк, која броела 480 борци, учествувале во борбите за ослободување на Македонија, го изоде Февруарскиот поход, а потоа се вклучи и во завршните борби за ослободување на Југославија, давајќи огромни жртви, особено на Сремски фронт.
Имињата на сите загинати борци може да се прочитаа на Википедија.