понеделник, 8 декември 2025

Платите во МВР се усогласија со мининалната плата и ќе бидат зголемени

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека платата на вработените ја исплатува врз основа на Закон за внатрешни работи и Колективен договор. Согласно новиот Закон за минимална плата, минималната бруто плата изнесува 26.422,00 денари.

„МВР и МПС побараа и добија мислење од Министерство за труд и социјална политика со кое мислење е потврдена законската поставеност на процесот на исплата на плати за вработените во МВР. Овој начин на исплата, е во интерес на вработените и со основна компонента на плата, вредноста на часови прекувремена, ноќна, викенд, празник е поголемa во однос на основна плата“ велат од министерството.

МВР и МПС во наредниот период ќе се залагаат, како што е соопштено, за доследно почитување на претходно договорениот процес на усогласување на плати во соработка со Владата, а Министерство за финансии ќе обезбеди средства за натамошно покачување на платите за вработени во МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ