Во соопштението на министерството насловено „ВМРО-ДПМНЕ е фабрика за лажни вести, пропаганда и навреди“ се вели:
„Секојдневното креирање на лажни вести проследени со навреди се најниското ниво на кое ВМРО-ДПМНЕ е спаднато од своето основање до денес. Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го ‘пушти низ вода’ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку гебелска пропаганда.
Затоа, Никола Груевски има четири пати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат уште Груевски како нивен лидер.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и личните навреди упатени према Првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби.
Во прилог испраќаме доказ за цената на патиките за кои, замислете, се состануваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“.