недела, 13 јули 2025

Општина Кавадарци издвои пари за мото-фест во чест на 12-те ваташки младинци и за противпожарното друштво „Сашко Гешовски“

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев го донесе решението за распределба на финансиските средства по јавниот повик за прибирање на предлог проекти по приоритетни области.

„Распределбата е согласно насоките за подносителите на апликации по јавниот повик, прибирање на предлог проекти по приоритетни области, родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иницијативи и вработување, социјална инклузија, заштита и спасување на животна средина, грижа за животните од програмата G1“, појаснија денеска од кавадаречката локална самоуправа. 

За музеј на џоломарите се издвоени 150 илјади, а за поддршка на деца со јазично – говорни потешкотии, 135 илјади денари. Финансиските средства се распределени на повеќе граѓански организации. 

Инаку, мото-фестот ќе се организира во чест на младинците кои беа стрелани од страна на бугарскиот фашистички окупатор во време на Втората светска војна, додека противпожарното друштво го носи името на војникот Сашко Гешповскик од Кавадарци, кој во униформа на ЈНА е првиот македонски војник кој загина на почетокот од конфликтот во поранешна Југославија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ