петок, 5 декември 2025

Одрон на патот меѓу селата Извор и Иванчишта , останатите патишта се проодни

Поради одрон на патот село Извор – село Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ