„Иако првично замислен да се имплементира првенствено на општинско ниво, сега имаме речиси целосна рамковизација на Макаедонија која е на штета на меѓуетничките односи и соживот во Македонија. Со истата рамковизација на Македонија, се потврди тезата дека Албанците не сакаат меѓуетнички соживот со Македонците. Потврда за ова се т.н. ‘балансер’ при вработувањето во држанвата администрација, нелегалниот Закон за јазици кои гарантира Албанците да не се разбираат со Македонците, како и Законот за знамиња кој го крши суверенитетот на нашата држава. Дали го видовте знамето на голема Абанија како се вееше во Тетово позади плеадата на албански политичари кои му беа домаќини на Аљбин Курти? Дали еден албански политичар се огради од тоа знаме? Ете го резултатот од Рамковниот договор.
Како резултат на рамковизацијата на Македонија, сега имаме едно племенско општествено уредување кое повеќе наликува на државно уредување од 16 век, а не на демкократско уредување базирано на владеењето на правото и меритократијата. Сите држвани претпријатија, министерства, судство, јавно обвинителство и државниот апарат е поделен по племенско етнички принцип кој секој ден потврдува дека е нефункционален и е товар на европската интеграција на Македонија. И тука е најголемиот апсурд со Рамковниот договор, ни беше претставен како неопходен дел од патот кон ЕУ, а ниту една од ЕУ членките го немаат имплементирано.
Со Рамковниот договор, националните и идентитетски права на Албанците се загарантирани, но не и на Македонците. За сите одредби кои се од албански национални интереси потребно е 2/3 согласност на пратениците од албанска националност во Собранието, но тоа не важи и за Македонците кога се работи за нивните етнички прашања. За пример е бугарскиот договор за т.н. добрососедство кој исклучиво ги засега Македонците, истиот се донесе со просто мнозинство во Собранието каде што поголемиот дел од пратениците Македонци не се сложија со истиот.
Заради овие аномалии кои се спротивни на македонските национални интереси имаме Албанец министер за надворешни работи кој преговара со Република Бугарија само за македонски идентитетски одредби. Сето ова е голема потврда дека нам Македонците оваа држава не ни е по наш терк. Оваа вештачка творевина ‘северна’ не ги задоволува интерсите на македонскта нација.
Дојдено е времето да се укине Рамковниот договор и да се возообнови Република Македонија која ќе почива на АСНОМ-ски демократски принципи на меритократија, еднаквост и правдина“, се вели во соопштението на Нов АСНОМ.






