„Преставката која ја поднесовме до ЕК против Бугарија во ниту еден дел не споменува заштита на човековите права на Македонците во Бугарија. Нашата претставка е во доменот на веќе донесени одлуки на Европскиот ауд за првда, Европската Комисија, директиви како и кршењето на неколку членови од фундаменталните права од договорот на Европската Унија.
Во своето објаснување, ЕК воопшто не ги адресира нашите тврдења дека со нерегистрацијата на Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград, Бугарија го крши Договорот на ЕУ во доменот на фундаменталните права, членовите 12, 21 и 22.
Фундаментланите права од договорот на ЕУ се еден од столбовите врз кои почива унијата. Тие се основни, базични и имаат примат во ЕУ. Еден од нашите аргументи е дека Бугарија крши три члена (12, 21,22), од фундаменталните права од договорот на ЕУ. Овие членови се во доменот на слободата на здружување и асоцијација, недискриминацијата и културна, религиозна и јазична различност. Ние сметаме дека со нерегистрацијата на Македонскиот клуб за етничка толеранција, Р. Бугарија ги крши овие три члена од договорот на ЕУ и со тоа ЕК треба да реагира и да и наложи на Р. Бугарија да го регистрира клубот од Благоевград. Во спротивно, ЕК треба да воведе санкции кон Бугарија. Една од санкциите кои ЕК ги има на располагање се скратување на ЕУ фондовите се додека Бугарија не дозволи регистрација на Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград. Сметаме дека ЕК ги има овие ингеренции.
Со неадресирањето на нашите аргументи во нашата претставка против Бугарија во однос на кршењето на фундаменталните права од договорот на ЕУ, Европската Комисија само потврдува дека ние сме во право и ни го отвара патот да поднесеме тужба против ЕК во Судот за правда во Луксембург.
Во овој момент, нашите европски адвокати од Париз ја разгледуваат овааа можност додека ние подготвено го очекуваме нивниот сигнал.
Третманот на Македонците во Бугарија не соодветствува со нивните фундаментални права кои ЕУ ги нуди, а ЕК од нас очекува тие права да ги почитуваме во Македонија додека ништо не прави истите права да ги почитуваат земјите членки како Бугарија. Со ова, ЕК проектира една хипокризија и двојни стандарди кои не поминуваат кај нас Македонците.
Нам не ни треба ЕУ каде што, ние Македонците ќе ги немаме оснвовните човекови права. Нам не ни треба ЕУ каде што владее хипокризија, двојни стандарди и кршењето на ЕУ законите. Нам ни треба ЕУ каде што, Македонците ќе ги имаат истите права кои ги имаат и другите народи во Европа. Тоа сега не е случај, а нашиот пат кон ЕУ е обична идентитетска провалија, пат низ кој, ние Македонците постепено ги губиме нашите идентитетски обележја до финално обезличување на самите себеси.