вторник, 16 декември 2025

Нов АСНОМ: Борците за Македонија не го дадоа својот живот за грдото име Северна Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата Нов АСНОМ на годишнината на двата Илиндена, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, на нашите борци им оддава бескрајна почит за нивното херојство и животите дадени во светата борба за слободна, независна и самостојна Македонија.

„Северна Македонија е грдо и наметнато име кое го бојкотиравме на референдумот на 30 септември 2018 година и наша обврска, цел и задача е враќање на уствното име Република Македонија.  

Тоа е желбата на македонскиот народ и на сите народи кои имаат почит кон нас, знаеќи дека сакаме мирољубив соживот, базиран на почитување на основните човекови права на сите граѓани на Македонија, но и за сите наши соседи. И затоа, не постои партија, партиски или светски лидери што, ќе нѐ одвратат да си го вратиме достоинството и дигнитетот, да си го врати името Република Македонија.  

Коските на загинатите борци за Македонија, нивната храброст, издржливост и интелигенција, се нашиот светол факел кој успешно ќе ни ја осветли саканата цел. Овој предизвик е генерациски предизвик пред кои спремно исправени стоиме и цврсто сме уверени дека во нашата генерациска борба ние повторно ќе бидеме победници.  

Тоа е нашата праведна борба против одродниците и сите оние кои неправедно ни го одзедоа најсветото и вековното. Тоа е нашата праведна борба за слободна и независна македонска држава, правна и праведна за нас и нашите идини генерации. 

Почитувани Македонки и Македонци во Република Македонија и насекаде во светот, ви ја честитаме 120 годишнината од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, честит Илинден, нашата победоносна битка е во тек“, се вели во соопштението на Нов АСНОМ.  

 

Со Почит, 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ