недела, 10 август 2025

Нов АСНОМ: Балистот Хотла си доби улица во Чаир, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кротко молчат

Објавено на

часот

Сподели

„Ваквиот чин на ДУИ во Република Македонија е уште една потврда дека тие се изворот на меѓуетничка нетрпеливост и се ‘генератори’ за продлабочување на јазот помеѓу заедниците во Македонија, но и сериозна закана за мирот и стабилноста на нашата земја. 

Ова е потврда дека Рамковниот договор не е база за стабилност на државата и државниот апарат изграден врз база на истиот договор, кој е практично нефункционален. Чуму постои Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое е водено од ДУИ, кога имаме глорификација на нацифашистите кои го продлабочуваат етничкиот јаз во земјава? 

Каде се сега т.н. наши стратешки партенри, САД, мисијата на ЕУ и останатите да реагираат на оваа глорификација на нацифашизмот во Македонија? Дали молчат зошто ја имаат целосната подршка на ДУИ? 

Уште полош е фактот дека најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кротко си молчат на ваквите анти-македонски чекори на ДУИ. Владее чувството дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ молчат не сакајќи да ја вознемират ДУИ знаејќи дека токму ДУИ се тие кои ги бираат нив за партнери во оваа нефункционална рамковна влада. 

Молкот на нашите стратешки партенри, САД, мисијата на ЕУ, Германија како и на СДСМ и ВМРО-ДМПНЕ значи само подршка на ваквите чекори на ДУИ. 

Никогаш нема да прифатиме балистите да имаат свои обележја во Република Македонија, знаејќи дека истите обележја се анти-македонски, се на сметка на нашата земја, а во корист за идејата на Голема Албанија. 

Ова е уште една потврда дека рамковната Македонија е мртва и дека ние Македонците треба да си ја вратиме Република Македонија во наши раце каде што секој граѓанин, ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина“, се вели во реакцијата на Нов АСНОМ.

Во Општина Чаир вчера градоначалникот Висар Ганиу преименува улица во Чаир која отсега го носи името на Сул Хотла, еден од карадачките бали-комбетар лидери, борец за обединување на „албанските земји“ во периодот пред и непосредно по Втората светска војна. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ