понеделник, 8 декември 2025

Немаме најава за средба Ковачевски – Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на премиерот

До нас не е пристигнато најава за средба на лидерот Христијан Мицоски со ремиерот Димитар Ковачевски, а одлуката за учество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада ќе се носи наредната недела, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска премиерот изјави дека наскоро ќе разговара со Мицкоски и дека тоа нема да биде помпезна средба.. 

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Ковачевски денеска изјави дека наскоро ќе има средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за техничката влада. 

Членови на највисокото раководство на партијата во различни изјави за медиумите посочија дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за учество во техничката влада, иако има и мислење дека доколку не се дел од таа влада што ќе ја предводи Талат Џафери, нема да има контрола што ќе се прави, изразувајќи сомневања за можни изборни злоупотреби.  

Премиерот Ковачевски, пак, неколку пати посочува дека учеството во техничката влада е законска обврска која произлегува од Законот за влада и од Изборниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ