„Потсетуваме и дека случајот ‘Двојник’ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат“, се вели во соопштението од МВР.
Утрово ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение во кое се вели дека според Европол, а што било потврдено од српското МВР, потенцијален атентатор врз претседателот на Србија Александар Вучиќ бил Радоје Звицер, за кого во соопштението ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека е лице на кое му бил издаден македонски пасош.






