„Двете лица биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едното лице им подлегнало на повредите, додека другото поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос.
Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот“, се вели во информацијата на МНР.
Како што веќе објави МКД.мк 39-годишен македонски државјанин е убиен, а повреден е 45-годишен маж исто така државјанин на Македонија. Во нив најмалку 20 куршуми истрелале маскирани лица. Ликвидацијата се случила околу 3.30 часот по локално време, кога пред вилата каде сместување имале изнајмено тројца македонски државјани се доближиле непознати лица, најверојатно пристигнати со мотор и кои веднаш отвориле оган.
Од пукањето, 39-годишниот им подлегнал на повредите, а 45-годишниот е хоспитализиран во болницата во Полигиро. Во вилата се наоѓале и други лица, кои не се повредени.
Убиеното лице е сопственик на казино во Македонија, а се верува дека станува збор за добро планирана акција, бидејќи веќе еден соработник на убиениот бил ликвидиран во земјата, велат полициски извори.
Неофицијално, во изнајмената вила престојувале Бајрами Орхан – Оки (39), Слезовиќ Сеад – Сео (45), и ранетиот Чајани Мухамед – Мујо.