недела, 14 декември 2025
ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Владата ги блокираше општинските и ја спроведе граѓанската обврзница

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа беше проект што беше навистина иновативен и креативен и го започнаа општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и неколку општини меѓу кои ако не се лажам и тука во Прилеп. Тој процес е почнат и завршен и веќе се во одредена фаза на позитивни мислења од страна на институциите. Кога тоа го виде Владата ги закочи, не дозволи тој процес да оди понатаму и покрај тоа што доби позитивни мислења од сите институции и одлучи да даде граѓанска обврзница“, истакна Мицкоски.

Тој исто така додаде дека и граѓанската обврзница е добра работа доколку тие пари бидат искористени за реализација на капитални инвестиции, но тие пари како рече, ќе бидат украдени од клановите на власта.

„И внимавајте сега што направија. Најпрвин најавија 50 милиони евра граѓанска обврзница, за да потоа видат дека нема да има интерес за 50 милиони, па ја намалија на 10. Се реализираа нешто повеќе од 20-тина милиони и сега излегуваат со фалење дека се реализирала два пати повеќе од сумата што тие ја побарувале, а во суштина најавија 50 милиони. Значи тие го ископираа тоа што општините претходно го најавија, но и тоа е во ред ако тие пари бидат искористени за реализација на капитални инвестиции, но нема да биде така. Тие пари ќе бидат украдени од страна на овие кланови за кои зборуваме“, потенцираше Мицкоски.

„За разлика од нив, општинските обврзници се закочени и Владата за жал, повторно ќе кажам, за некој е мајка, за некој не е мајка, односно во општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да има можност овие општински обврзници да бидат реализирани, а со тоа и динамиката на реализација на проектите ќе биде намалена. Но затоа идната влада за неколку месеци од денес, на ВМРО-ДПМНЕ планира сериозен инвестициски циклус и релоцирање на 250 милиони евра од централниот буџет за реализација на капитални инвестиции на локално ниво“, вети Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ