понеделник, 8 декември 2025

Мицкоски најавува нови проекти во 15 општини – градинки, училишта, амбуланти…

Овие две години беа години на решавање на многу проблеми во општините каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, со постигнати големи резултати во услови на наследени општини во хаос и жестоки блокади од централната власт, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на сработеното на градоначалниците од редовите на партијата и коалицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Ова се две години без ниту еден скандал какви во минатото имаше многу во локалната самоуправа, на што морам да признам сум особено горд. Во периодот што следи сакам да објавам дека во 15 поголеми општини следат изградба на капитални проекти со капитално значење за општините и овој циклус ‘инвестиции за развој’ треба значително да го олесни животот на граѓаните во овие општини. Ќе се почне со градба на градинки, локални патишта, училишта, амбуланти, спортски сали кои се од огромно значење за овие 15 општини. Морам да признам дека сите овие 15 општини ги завршија проектите и истите се ревидирани и само следи формално отпочнување на истите.

Инвестициите се развој со кој што практично ја развиваме Македонија и тие се плод на изработени проекти и конкретна визија. Граѓаните треба да знаат дека работиме на промени, домаќински и одговорно. Овие проекти се ветени со програмите со кои ВМРО-ДПМНЕ настапи на локалните избори пред две години. И ние се држиме кон ветеното и се трудиме веќе на половина на мандатот на градоначалниците најголем дел од ветеното што би рекол во процентуален износ поголем од 70% да биде реализирано, некаде 90, некаде 80, некаде 60, но просекот е поголем од 70 проценти. И затоа кога велиме дека се држиме до ветеното, ние имаме озбилна намера сето тоа кое што го реализираме на локално ниво, сега да го продолжиме понатаму како идна влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето кои што ги предводат општините се гаранцијата дека тоа што е ветено тоа и ќе се реализира во самите општини“, изјави Мицкоски.

За најавената средба со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, тој рече дека таква средба немал, дека нема да има никаква тајна средба, а ако господинот Ковачевски да разговараме за техничката влада или за некои други политички процеси коишто следат стојам на располагање, само терминот да го усогласиме.

Мицкоски додаде дека не гледа зошто таквата средба би се одржала далеку од очите на јавноста и дека на народот му е преку глава од таквите тајни средби.

„Знаете дека јас одамна барам таква средба. Најпрвин бев одбиван, па се правеа политички гимнастики на политичката сцена за да конечно на крај се случат тие средби, тие состаноци лидерски, да се дефинираат изборите и слично. Не гледам зашто тоа би било далеку од лицето на јавноста и ценам дека јавноста треба да биде запознаена. Мислам дека на народот му е преку глава од такви тајни средби, преговори и договарања“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ